МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ВО ГРУПНА ФОТОГРАФИЈА, НА СТАДИОН ВО БУКУРЕШТ ПОЗАДИ НИВ НА СЕМАФОРОТ БЛЕСНА И МКД, НЕМА ФИРОМ!

0
325

Македонската фудбалска репрезентација ја направи традиционалната групна фотографија пред стартот на Европското првенство, кое за нас официјално почнува во недела.

Нашите „рисови“ позираа во старите дресови и најавија дека Македонија дефинитивно ќе играат токму со нив на дебитанското ЕУРО 2020.

Селекторот, Игор Ангеловски и неговите момци во првото коло ќе се сретнат со Австрија, на 17. овој месец ги чека мечот со Украина, додека четири дена подоцна ќе играат против Холандија во Амстердам.

Интересно е да напоменеме и дека позади македонската фудбалска репрезентација за време на групната фотографија во Букурешт на семафорот стои гордо МКД, значи нема ФИРОМ или Северна 😀

Среќно момци, газиме!