МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ ПОРАЗЕНИ ОД ГЕРМАНИЈА, ГИ ЗАГУБИЈА ШАНСИТЕ ЗА ПЛАСМАН ВО ВТОРАТА ФАЗА НА ЕП

0
201

Македонската ракометна репрезентација го претпе вториот пораз во рамки на второто коло на Европското првенство (ЕП) откако вечерва загуби од Германија со резултат 34-25.

По поразот од Франција, македонските ракометари се поразени и од домаќинот Германија, со што практично ги загубија шансите за пласман во понатамошната фаза на турнирот.

Во првото полувреме селекцијата на Германија дојде до предност од 18-13, а второто полувреме Германците го отворија со три гола во низа и водство од 21-13.

Најефикасен во македонските редови беше Ненад Костески со шест гола, а Жарко Пешевски и Томислав Јагуриновски имаа по четири постигнати гола.

Последниот меч на ова EП избраниците на Кирил Лазаров ќе го имаат на 16 јануари од 18:00 часот против Швајцарија која претходно денеска одигра нерешено 26-26 против Франција.