Saturday, December 14, 2024
1.8 C
Skopje

МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ МУ ПИШАА НА ШАРЛ МИШЕЛ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ : МАКЕДОНИЈА УШТЕ ГИ ТРЕТИРА БУГАРИТЕ КАКО ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД

ДО Г-ДИН ШАРЛ МИШЕЛ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ

Почитуван г-дин Мишел,

Голем број медиуми во Скопје тврдат дека на вашата средба на 4 февруари 2022 година со премиерот на Република Северна Македонија г-дин Димитар Ковачевски сте изјавиле дека „Северна Македонија треба да ги започне пристапните преговори без одлагање за влез во ЕУ“.

Знаете дека Бугарија стави вето на почетокот на таков процес, бидејќи смета дека Скопје не ги изврши потребните реформи послед неговото отдепување од поранешна Југославија. Забелешките на Бугарија и на целото бугарско општество се дека во Северна Македонија се кршат основните човекови права на лицата со бугарска самосвест, говорот на омраза нашироко се користи против се што е поврзано со Бугарија и се фалсификуваат сите документи кои зборуваат за Бугари во Македонија. Иако Бугарија денес овој процес го опишува како дебугаризација, сакаме да нагласиме дека македонското ослободително движење по 1945 година го дефинира како геноцид.

Ова што се случува од 1945 година е навистина геноцид, затоа што масовно се брише секое бугарско присуство во Македонија.

Постојат голем број странски официјални документи кои го отсликуваат присуството на бугарското население во Македонија до овој период, и тоа:

1. Сите официјални пописи на Отоманската империја од 1870 до 1912 година го одразувале присуството на Бугарите во Македонија, но не бил регистриран ни еден етнички „Македонец“. Како што е познато, Отоманската Империја била официјален суверен на Македонија до 1912 година.

2. Во 1918 година Франција и Австро-Унгарија владееле делови од најзападните области на Македонија и спровеле официјален попис. Регистрирани се села со компактно бугарско население и ниту еден етнички „Македонец“ .

3. Во 1942 година, Италија, која владеела со западните делови на денешна северна Македонија, исто извршила официјален попис. Регистрирани се 72.745 Бугари и ниту еден етнички „Македонец“.

По 1945 година, сите други заедници што живееја на територијата на денешна Северна Македонија останаа исти, само Бугарите официјално регистрирани во статистиката на странските земји, исчезнаа до еден како со магично стапче.

Никој во Бугарија не го негира правото на денешните граѓани на Северна Македонија да се самоидентификуваат како што сакаат, вклучително и како етнички Македонци. Но, нема да се согласиме со практиката на скопските власти да продолжат да им забрануваат на оние кои се чувствуваат Бугари, слободно да го изразуваат својот идентитет. Не можеме да се согласиме Скопје да го смени идентитетот на сите наши починати предци. Треба да нагласиме дека денес во Бугарија има околу 1,3 милиони бугарски државјани кои своето потекло го одредуваат од географската област на Македонија, а околу 400 илјади од нив се од територијата на денешна Северна Македонија. Ова ја одредува нашата чувствителност на темата и затоа во моментов почнуваме да ги организираме овие Бугари за да се конституираме како страна во спорот и да ги кажеме нашите барања.

Ако Скопје не спроведе реформи, ќе продолжи да игра улога на тројански коњ на Белград и Москва во ЕУ и ќе внесе проблем во ЕУ што ќе го дестабилизира Централниот Балкан. Затоа ја повикуваме ЕУ да помогне на реформите во Скопје со цел ставање крај на наследените тоталитарни практики и зависности од југословенската ера. На крајот, сакаме човековите права на Бугарите кои денес живеат во Северна Македонија, да бидат уставно загарантирани на ист начин како што им се гарантирани на другите заедници на нејзината територија.

Доколку е потребно, подготвени сме да ви обезбедиме дополнителни информации за сите прашања што се покренати овде.

Со почит,

Претседавач: доц.д-р Спас Ташев

Секретар: инж.Георги Мандев

Българска национална платформа

тел. +359 87 858 8946

ОВАА НЕДЕЛА

ПЕТРУШЕВСКИ : АРТАН ГРУБИ И СДС ПРАВЕЛЕ ПРИТИСОЦИ ВРЗ СУДСТВОТО. СЕ НОСЕЛЕ ОДЛУКИ ПО ДИКТАТ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Артан...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ