Friday, June 20, 2025
19.8 C
Skopje

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е НА ЧЕТВРТО МЕСТО ВО ЕВРОПА СПОРЕД РАСТОТ НА БДП ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ – ПРЕД НАС СЕ САМО ИРСКА, ДАНСКА И ПОЛСКА

Во првиот квартал на 2025 година, реалниот раст на БДП, откако е избрана оваа влада, изнесува повеќе од 3%, додека, пак, прилагодениот раст изнесува 3,2%. Тоа е многу значајно и ова не е случајност, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

Македонската економија е рангирана на 4-то место според растот на БДП во првиот квартал и се наоѓа веднаш зад Ирска, Данска и Полска, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција.

– Според прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2025 година, реалниот раст на Бруто домашниот производ откако е избрана оваа Влада, трет квартал по ред е 3 или повеќе проценти, а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2% тоа е бројката којашто ја објавува „Евростат”. Со тоа, практично на досега објавените параметри коишто ги објавил „Евростат”, македонската економија е рангирана на четврто место, веднаш позади Ирска, Данска и Полска.

Тоа е многу значајно и ова не е случајност. Ова е резултат на храброст, визија и многу работа. Ова е доказ дека кога државата се води на исправен начин, но и со знаење, со план и со трпение – резултатите мора да дојдат. Знаевме дека не смееме да губиме време. Го затворивме поглавјето на стагнација, несигурност и манипулација. Отворивме ново поглавје на економски раст, на вреднување на трудот, на поддршка на приватниот сектор, на фер конкуренција.

Овој раст е многу сериозен сигнал дека реформите даваат резултати, имајќи предвид дека станува збор за првиот квартал од годината коишто секогаш е најслаб би рекол и најпредизвикувачки. Сепак, доколку сакаме до 2030 да бидеме уште повисоко на европската економска скала, мораме: Да го одржуваме просекот којшто ќе биде поголем од 4%, се разбира тоа не зависи само од нашите внатрешни параметри тоа многу зависи и од екстерните фактори, имајќи дека просекот во рамките на ЕУ е 1,4% тогаш можеме да кажеме дека ние сме 2 ипол пати над тој просек, а во еврозоната е 1,2% – порача премиерот.

Можеме слободно да кажеме дека економијата конечно се стабилизира во рамките на 3 и +3%, нешто што порано беше невозможна мисија, порача Мицкоски.
– Еве неколку податоци коишто можеби ќе бидат интересни. Да речеме Белгија е 1,1%, Германија е 0%, Естонија е 0,1%, Франција 0,6%, Италија е 0,7%, Латвија е -0,3%, Унгарија е -0,4%, Австрија е -0,7%, Романија е 0,5%, Словенија е -0,8%, Словачка е 1%, Финска е 0,8%, соседна Србија во првиот квартал е 2% итн. Целта беше на оваа Влада да ги решиме дупките во продуктивноста и вработувањето, но, она што е важно дека покажавме дека државата конечно функционира. И тоа го гледаме денес.

Во странските инвестиции што растат. Во индустриското производство што се стабилизира и веќе би рекол втор квартал по ред е позитивно. Во новите инвестиции што се реализираат – од Гевгелија до Куманово, од Кичево до Штип, од Делчево до Дебар.

Овој раст не е само бројка. Тоа се нови фабрики, нови машини, нови договори, нови плати, нова надеж. Тоа се семејства што имаат повеќе сигурност. Тоа се млади луѓе што гледаат причина да останат и да се борат тука, во својата земја. Знаеме дека економијата не е ништо без луѓето. Затоа ја градиме економијата со луѓето. Со трудољубиви работници.

Со креативни млади. Со стручни инженери. Со земјоделци што секој ден се борат со временските услови, а не се предаваат. Со жени претприемачи, со ИТ-иноватори, со чесни претставници на приватниот сектор. Оваа бројка е за нив. Но, ова е само првиот важен чекор – рече Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

НИКОГАШ НЕ СМЕ СТАВИЛЕ ВЕТО, РЕЧЕ РАДЕВ ПРЕД СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: „БУГАРИЈА НЕ ВЕ БЛОКИРА“

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не...

ЕСКАЛИРА СУДИРОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: РЕКЕТИРАНА БОЛНИЦА И ЗАСИЛЕНИ ТЕНЗИИ

Најмалку 89 лица се повредени откако иранска ракета ја...

ЗАХАРОВА: КОСОВО Е ДЕТЕ НА ЗАПАДОТ И ПЛОД НА АГРСИЈАТА НА НАТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,...

ДАЛИ ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО БЛОКИРА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ?

Израел денес ги бомбардираше иранските нуклеарни постројки, а иранските...

ИРАН ГИ БЕЛЕЖИ КАДЕ СЕ НАОЃААТ СИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАЗИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Со повеќе од 40.000 американски војници распоредени низ Блискиот...

ДОДИК: ДОДЕКА ЈАС ЈА ВОДАМ РЕПУБЛИКА СРПСКА, НИЕ НЕМА ДА БИДЕМЕ ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Република...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ