МАКЕДОНИЈА СО ГОЛОТ НА АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ ВО 92-РА МИНУТА ЈА ЕЛИМИНИРА ИТАЛИЈА НА ПАТОТ КОН СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ ВО КАТАР, СЛЕДЕН ПРОТИВНИК Е ПОРТУГАЛИЈА НА ГОСТИ

0
1244

Фудбалската репрезентација на Северна Македонија забележа историска победа нагости против Италија со која може да се надева на пласман на Светското првенство во Катар.

Со погодокот на Александар Трајковски во 92 минута од мечот, македонските фудбалери ја совладаа Италија во првиот бараж во квалификациите за Светското првенство во Катар. Мечот во Палермо мина во целосна доминација на четирикратниот светски првак и актуелен европски шампион, но и покрај повеќе од 30 удари врз голот на македонската репрезентација, победникот го одлучи погодокот на Трајковски во судиското продолжување.

Сензацијата во Палермо ги носи македонските фудбалери на мегдан на Португалија која во вториот бараж од истата група ја совлада Турција со 3:1.

Голот на Трајковски ја испразни целата клупа на македонската репрезентација. Селекторот и играчите потрчаа да го прослават погодокот со стрелецот и целиот тим. Повеќе стотици македонски навивачи се радуваа на победата на стадионот, додека разочараните италијански фудбалери го напуштаа теренот.

Вака беше прославена победата по мечот: