Македонија целосно ги затвора границите, се затвора и аеродромот Скопје

0
393

Владата на вечерашната седница донесе уште неколку мерки за заштита од корона вирусот. Мерките вклучуваат целосно затворање на границите на Македонија.

– Се затвораат сите гранични премини за сите странски државјани.

-Се затвора и аеродромот Скопје, освен за државни и воени летови.

-Се потенцира МВР да постапува поинтензивно.