Thursday, February 6, 2025
9.8 C
Skopje

„МАКЕДОНИЈА ПАТ“ СО ЦЕЛА МЕХАНИЗАЦИЈА И РАБОТНА СИЛА ГО ЧИСТИ СНЕГОТ, ВЕЛАТ ОД ТРАНСПОРТ

По зголемените врнежи од снег на целата територија на државата, Министерството за транспорт информира дека Јавното претпријатие „Македонија пат“ е на терен со целата работна сила и целокупната механизација и во континуитет врши расчистување на државните патишта. Освен капацитетите на „Македонија пат“, како што велат од Министерството, во расчистувањето на снегот од магистралните и регионалните патишта се вклучени и „трети лица“-компании кои соработуваат со претпријатието.

„ЈП Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагира со целокупната механизација на терен“, велат од Транспорт.

Од Министерството апелираат возачите да ги почитуваат законските одредби за сообраќај во зимски услови, задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата и да ги почитуваат сообраќајната сигнализација и препораките од сообраќајните служби.

Упатија и апел до граѓаните кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта. Освен за состојбата на патиштата, од Министерството за транспорт информираат и дека нормално и без прекин се одвива и патничкиот железнички сообраќај, со минимални задоцнувања.

ОВАА НЕДЕЛА

ОЈО: СОПРУГАТА НА ПЕЦЕ МИРЧЕСКИ КОРИСТЕЛА ВОЗИЛА СО ШОФЕР ОД ФИРМА СО КОЈА ТОЈ СКЛУЧУВАЛ ТЕНДЕРИ

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно...

ОБЈАВЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 47 ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Советот на јавни обвинители објави оглас за избор на...

ТЕПАЧКА МЕЃУ ДВАЈЦА ДОКТОРИ ВО ОПЕРАЦИОНА САЛА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП

Секторот за внатрешни работи во Штип информираше за пријава...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ