Monday, April 28, 2025
10.8 C
Skopje

МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖУВА ПЕТ ГОДИНИ КАКО ДЕЛ ОД НАТО АЛИЈАНСАТА

Членството во НАТО беше резултат на долготраен и сложен процес на реформи, дипломатски напори и исполнување на стандардите за колективна безбедност.

Денес се навршуваат пет години од официјалното зачленување на Македонија во Северноатлантската алијанса (НАТО), со што државата на 27 март 2020 година стана 30-та полноправна членка на најголемиот воено-политички сојуз во светот.

Членството во НАТО беше резултат на долготраен и сложен процес на реформи, дипломатски напори и исполнување на стандардите за колективна безбедност. Финализирањето на процесот на пристапување беше означено со депонирање на инструментот за пристапување во Вашингтон, по што македонското државно знаме беше официјално подигнато пред седиштето на Алијансата во Брисел.

Од зачленувањето во НАТО, државата активно учествува во мисиите и иницијативите на Алијансата, придонесувајќи кон заедничката безбедност и стабилност на евроатлантскиот простор.

Патот кон членството во НАТО беше трасиран по потпишувањето на Преспанскиот договор со Грција во 2018 година, со кој беше надминат долгогодишниот спор околу името.

По ратификацијата на договорот и промената на уставното име во „Република Северна Македонија“, државата доби покана за членство од НАТО во јули 2018 година, а пристапниот процес беше финализиран во март 2020.

Извор: Новинска агенција МЕТА

ОВАА НЕДЕЛА

ДРАМСКИ ТЕАТАР НЕ ЈА ДОДЕЛИ НАГРАДАТА „ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“, ЌЕ СЕ ОБЈАВИ НОВ КОНКУРС

Драмски театар Скопје не ја додели наградата „Горан Стефановски“...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ