МАКЕДОНИЈА И АМЕРИКА ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО НУКЛЕАРНО ГОРИВО

0
387

Во духот на веќе докажаното и потврдено партнерство меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, денеска официјализираме уште еден сегмент од мноштвото области од нашата долгогодишна меѓудржавна и меѓуинституционална соработка – спречувањето на нелегалната трговија со нуклеарен и друг радиоактивен материјал.

Овој Меморандум за разбирање претставува нова нормативна рамка за интензивирање на досегашната заедничка и плодна соработка. Со Меморандумот за разбирање, МВР и Националната управа за нуклеарна безбедност при американското министерство за енергетика одат чекор понапред во партнерските напори за поквалитетна контрола и превенција на проблематиката со нелегална трговија со нуклеарен и друг радиокативен матерјал, притоа воспоставувајќи повисоки технички, оперативни.