Thursday, July 10, 2025
17.8 C
Skopje

МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ВО БРИСЕЛ НА ОБЈАСНУВАЧКИ СКРИНИНГ ЗА КЛАСТЕР 5, КОЈ ГИ ОПФАЌА РЕСУРСИТЕ И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Според скрининг агендата, почнувајќи од денес па сè до 20-ти јули, во Брисел, македонската делегација, заедно со албанската, ќе го следи објаснувачкиот скрининг за Кластер 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“, информираше Секретаријатот за европски прашања.

Од СЕП велат дека се работи за многу важен и обемен кластер кој регулира 5 поглавја поврзани со економскиот развој на земјата како што се: земјоделство и рурален развој, безбедност на храната, ветерина и фитосанитарна политика, рибарство, регионална политика и координација на структурните инструменти, како и финансиските и буџетски одредби.

„ Во текот на овие четири дена од објаснувачкиот скрининг за Кластер 5, експерти на Европската комисија ќе ги презентираат пред делегациите на Северна Македонија и Албанија новите директиви и регулативи од легислативата на ЕУ донесени по 2018 година, а нашата делегација треба да ја посочи временската рамка, во која се очекува земјата да ја усвои и вметне новата легислатива во националното законодавство“, соопшти СЕП.

Од Секретаријатот објаснуваат дека Македонија досега го заврши билатералниот и објаснувачки скрининг за 4 Кластери, или вкупно 26 Поглавја и 3 области.„Останува до ноември оваа година да го комплетираме и билатералниот скрининг за последните два Кластери, односно да завршат скрининг состаноците и за преостанатите 7 поглавја Кластерите ‘Ресурси, земјоделство и кохезија’ и ‘Надворешни односи’“, велат од СЕП.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОРНО АКТЕРКАТА КОКО БАЕ ОТКРИ КОИ МАЖИ НАЈДОБРО ЈА ПЛЕСКАЛЕ А КОИ БИЛЕ НАЈЛОШИ

Коко Бае, ѕвездата од филмовите за возрасни, ја разврани...

НЕОФИЦИЈАЛНО КЕТИ СТЕВАНАНЏИЈА ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ ЌЕ БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ВО ПРИЛЕП

Неофицијално според информации до кои дојде редакцијата на ,,Народен...

ХЕРОЈСКА АКЦИЈА ВО СТЕНКОВЕЦ: Д-Р ВИКТОР ГРУЕВ И ТИМОТ НА ЈП ЛАЈКА СПАСИЈА НАД 30 КУЧИЊА ОД ПОЖАР

Докторот по ветеринарна медицина Виктор Груев денеска покажа што...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ