МАКЕДОНИЈА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО И ОБЛЕАНА ВО ТАГА : Познати имињата на загинатите во автобуската несреќа

0
1763

Зоран Давидоски, Јовица Трпевски, Ајден Исмаили, Реметула Абдурахими, Онур Садику, Бобан Аврамоски, Бесим Камбери, Есад Емрули, Трпана Јовановска и Павле Костовски се  меѓу 14-мината загинати во автобуската несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Тетово.

Павле Костоски бил вработен во Организацијата на потрошувачи на Македонија, од каде изразија сочувство за неговата смрт. Тој магистрирал пред неколку месеци на Правниот факултет во Скопје.

„Павле Костоски магистираше во ноември 2018 на насоката Граѓанско материјално и граѓанско процесно право, беше активен учесник во Правната клиника за ранливи групи и беше вклучен во различни студентски активности. Ќе го паметиме по неговата амбициозност и посветеност. Вработените и студентите на Факултетот сочувствуваат со болката на семејството и пријателите на Павле“, изјавија од Правниот факултет.

Еден од најмладите загинати е 19-годишниот Онур Садику кој студирал на Медицинскиот факултет во Скопје. Меѓу загинатите е и Бобан Аврамоски, 22-годишен студен на ФОН. Во вчерашната стравотна несреќа животот го загуби и Јовица Трпевски, кошаркар и син на пратеникот Благоја Трпевски, како и 37-годишниот Зоран Давидоски, вработен во Секторот за сообраќај на Град Скопје.

Најстарата жртва од вчерашната несреќа е Трпана Јовановска од Гостивар.

ИЗВОР: МАКФАКС

Познат е идентитетот на 14-те патници кои го загубија животот во вчерашната автобуска несреќа кај Карпалак, објави Алсат-М.

  1. Раметула Абдураими, единец во семејството Абдураими
  2. Валдете Хамити (1989), од Дебреште, мајка на две деца
  3. Јовица Трпевски, од Гостивар, син на пратеникот Благојче Трпевски
  4. Бесим Камбери, с. Сенокос, гостиварско
  5. Онур Садику (19), од Гостивар
  6. Есат Емрули, од Гостивар
  7. Ајдин Исмаили (19) од Гостивар
  8. Бесим Фетаи, од Врапчиште
  9. Бејза Узеири, од Долна Бањица
  10. Зоран Давидовски (1981), вработен во Град Скопје
  11. Бобан Аврамовски, студент на ФОН
  12. Трпана Јаневска, пензионерка од Гостивар
  13. Дејан Ристевски, вработен во Народна банка на Македонија
  14. Павле Костоски, од Гостивар, дипломец на правниот факултет во Скопје