Македонија е нападната од тие што граѓаните ги третираат како човечиња

0
589
Граѓаните се Македонија

Ако снимките се веродостојни, а има малку причини за сомнеж, тогаш точно е дека Македонија е нападната.

nikoladimitrovFB-500x320

Ја напаѓа оној кој газејќи Устав и закони, ги узурпирал институциите и ги оставил луѓето без поредок и можност за правда. Тој кој ја срушил и последната надеж дека без партиска книшка може пристојно да се живее. Па денес не е важно колку некој знае и колку го бива, важно е колку е послушен. Оној кој граѓаните ги третира како човечиња кои немаат никаква друга вредност освен да заокружат гласачко ливче. Тие кои не сакале да гласаат, биле присилени. Тој кој со нивните пари направи циркус од главниот град, а ги троши парите на идните генерации за да остане на власт, зголемувајќи го јавниот долг преку непродуктивни трошења. Македонија ја напаѓа оној кој со пари на граѓаните набавува поскапо, за да има и за него. За сето ова да не биде очигледно, ги купува медиумите, повторно со пари на граѓаните, за да шири магла.
Во вакви историски времиња, нема место за вообичаените лојалности – кон партии или кон личности. Нема место за калкулации. Секој од нас, со својата совест како водилка, мора да направи се што може, за да си ја ослободиме Македонија. Време е за‪#‎НовПочеток‬

фејсбук статус на Никола Димитров