Tuesday, June 17, 2025
24.8 C
Skopje

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ – МУЦУНСКИ ВО ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА ВО ГЕРМАНИЈА

Од македонска страна, биле презентирани поволностите за странски инвеститори и подготвеноста на Владата да обезбеди стабилна и предвидлива деловна клима. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во дводневна работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија, каде оствари повеќе важни средби со покраински претставници и бизнис-секторот.

Муцунски се сретна со министерот за европски, меѓународни прашања и медиуми на покраината, Натанаел Лимински, како и со државниот секретар Марк Шпајх. Разговорите, како што информираат од Министерството, биле фокусирани на унапредување на билатералната соработка, со акцент на политичката и економската поддршка, како и на европската перспектива на Македонија.

– Северна Рајна – Вестфалија е исклучително доверлив партнер на нашата држава – и политички, и економски. Изразувам благодарност за континуираната поддршка и личниот ангажман на министерот Лимински во развојот на нашето партнерство – изјави Муцунски по средбата.

Тој нагласи дека покраината е седиште на многу водечки германски компании, но и дом на бројна македонска дијаспора, што претставува дополнителен мост за јакнење на врските меѓу двете страни.

Во рамки на посетата, министерот се сретна и со директорот на Агенцијата за трговија и инвестиции на покраината, Феликс Нојгарт. Разговорите се воделе околу можностите за нови германски инвестиции во Македонија, особено во секторите на енергетиката, туризмот, технологијата и дигитализацијата.

Од македонска страна, биле презентирани поволностите за странски инвеститори и подготвеноста на Владата да обезбеди стабилна и предвидлива деловна клима. – Се согласивме дека постои реален потенцијал за продлабочување на економската соработка, а оваа посета претставува конкретен чекор во таа насока – соопшти Муцунски.

Во рамки на дводневниот престој, министерот вчера ја посети и македонската заедница во градот Солинген, каде имаше средба со активните претставници на дијаспората.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

РУСИЈА АПЕЛИРА ДО ИЗРАЕЛ ДА ПРЕКИНАТ СО ОГНОТ, ДИПЛОМАТСКИОТ НАЧИН Е ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI Русија предупреди дека израелските напади врз иранските...

ИРАН ДИРЕКТНО УДРИ ВО МОСАД – РЕКЕТИРАН Е ОПЕРАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ИЗРАЕЛСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека извршила успешен ракетен...

ПИЈАН СКОПЈАНЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ И НАПРАВИЛ СУДАР

Осомничениот, на 16 јуни во вечерните часови, под дејство...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ