Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА ГРАНТ ОД 350 ИЛЈАДИИ ЕВРА ОД ЕБОР ЗА ИЗРАБОТКА НА СТАТЕГИЈА ЗА ПОЛНЕЊЕ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА И ИНФРАСТРУКТУРА

Министерството за транспорт информира дека Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) на земјава ќе ѝ додели грант од 350 илјaди евра кој ќе биде наменет за техничка помош за изработка на Националната стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура.

„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа“ соопштија од Министерството за транспорт.

Оттаму посочуваат дека во моментов во тек е постапка за избор на консултант, чија задача ќе биде да подготви стратегија за електични возила и акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.

Покрај консултантот, кој се очекува да биде избран кон крајот на јули или почетокот на август, во изработката на стратегијата и акцискиот план, како што информираат од Транспорт, ќе бидат вклучени и домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата.

ОВАА НЕДЕЛА

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

МИЛОШОСКИ: ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ПРОЕКТИ НИЗ ДРЖАВАТА ПОМАГААТ ВО РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА

Прес-конференција на Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ