Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО ЦЕФ – МИНИСТЕРКАТА ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ЦРНА ГОРА

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 23 јуни ќе престојува во работна посета на Црна Гора, каде што ќе учествува на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за развој на финансии – ЦЕФ.

Во рамките на состанокот, РС Македонија, преку Министерството за финансии, за прв пат ќе го преземе претседавањето со ЦЕФ од Министерството за финансии на Црна Гора. Претседавањето ќе трае во наредниот едногодишен период.

За време на посетата, министерката Димитриеска-Кочоска ќе се сретне и со министерот за финансии на Црна Гора, Новица Вуковиќ, при што ќе се разговара за зајакнување на билатералната соработка во областа на јавните финансии.

ЦЕФ е регионална организација која обезбедува поддршка за развој на капацитетите во управување со јавните финансии, даночната политика и администрација, како и централното банкарство преку обуки, семинари и програми со практична примена.

Македонија има долгорочна соработка со оваа институција, особено во рамки на Академијата за јавни финансии, преку која успешно се реализираат програми за едукација и унапредување на јавниот сектор.

ОВАА НЕДЕЛА

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

МИЛОШОСКИ: ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ПРОЕКТИ НИЗ ДРЖАВАТА ПОМАГААТ ВО РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА

Прес-конференција на Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ