Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната лидерска средба дојде со членката на Извршниот комитет на партијата Тања Каракамишева (Фото: К. Попов)
Правни експерти од ВМРО-ДПМНЕ во вторникот на колегите од СДСМ им предале на хартија предлог-измени на Кривичниот законик во поглавјата за злоупотреба на службената положба и овластувањата и за изборни нерегуларности, што се 90 отсто од предметите кои Специјалното обвинителство ги води против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски.
Со измените, предложено е да се намали висината на казните и, што е поважно за предметите на СЈО, скратување на рокот на застареност на овие дела. Со тоа, полека би застареле сите 15-тина обвиненија, но и многу истраги за тежок финансиски криминал со милионски суми злоупотребени државни пари во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кои СЈО ги има почнато. Истовремено, велат извори од Обвинителствата, би застареле и предистрагите за овие кривични дела што ги имало отворено и редовното Јавно обвинителство.
Измените, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори од Обвинителствата, ги подготвила поранешната заменичка-министер за правда Билјана Бришкоска-Бошковски, која е обвинета во предметот „Титаник“ за изборни нерегуларности заедно со Груевски и поранешното раководство на партијата. Нејзиниот сопруг Дејан Бошковски, ексдиректор на ЕЛЕМ, исто така е обвинет за злоупотреби во случајот на СЈО „Трезор“.
Целата сторија ја имаат на СДК.МК