МАКЕДОНЕЦ БОДЕЛ СО НОЖ ЛУЃЕ НИЗ ВАРАЖДИН 23-ГОДИШНОТО МОМЧЕ Е ОБВИНЕТО ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО И ЗА ЧЕТИРИ ОБИДИ ЗА НАНЕСУВАЊЕ ТЕШКИ ПОВРЕДИ

0
970

Обвинението го товари 23-годишниот маж дека на 28 април годинава околу 3 часот на улица во центарот на Вараждин двапати прободел 23-годишен маж во телото. Еден обид за убиство и четири обиди за нанесување тешка телесна повреда. За вакви кривични дела се гони државјанин на Македонија во Хрватска, а по спроведената истрага, Жупаниското државно правобранителство во Вараждин поднело обвинителен акт.

Обвинението го товари 23-годишниот маж дека на 28 април годинава околу 3 часот на улица во центарот на Вараждин двапати прободел 23-годишен маж во телото. Македонецот е обвинет дека избодел и расекол со нож уште четворица мажи и им нанел физички повреди.

Тој е во истражен затвор, а советот на Жупанискиот суд во Вараждин го прифатил предлогот на државниот правобранител и му го продолжил притворот поради опасност од бегство и извршување нови кривични дела, објавија хрватските медиуми.