Директорката на КХС, Косана Мазнева на денешната прес-конференција ја информираше јавноста дека успешно е одблокирана работата на претпријатието.
-Градската администрација и Комунала хигиена Скопје успешно се справи со опструкциите и блокадата на работата на нашето претпријатие од страна на мафијашки структури кои не дозволуваа ниту еден вработен да ги извшрува своите работни задачи. Веќе неколку дена помала група на вработени кои повеќе од 15 години ја држат третата смена во претпријатието спротивно на Законите и колективниот договор, а поголем дел од нив воопшто не се појавуваа на своето работно место го блокираа редоното извршување на работните задачи и не дозволуваа да биде исчистен сметот во Скопје, истакна Мазнева.
Таа потенцира дека навремено биле известени институциите да постапат под однос на блокадата на претпријатието од мафијашки структури, но дека надлежните институции не постапувале под случајот три дена.
Таа потенцира дека работата во КХС е вратена во нормала, сметот редовно се чисти и сите вработени ги извршуваат своите работни задачи.
-Ниту јас, ниту градоначалничката Арсовска ќе дозволат да продолжи самоволието на малкумина во градот, група на која само личните интереси и собирањето на политички поени им е важно, додаде Мазнева.