МАДИЌ : ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЌЕ ЗНАЧИ ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ВО ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

0
203

Со завршување на сите обврски на патот кон членство во ЕУ земјава ќе покаже дека е спремна во сите области да биде дел од европското семејство со една рамка ќе значи европски стандарди и во владеењето на правото, рече членката на ЦО на СДСМ и заменик министерка за правда, Викторија Мадиќ во интревју за Слободен Печат.

-Скринигот покажа каде се нашите слабости, што не сме имплементирале од европското законодавство. Голем дел од работите се завршени, дел треба да ги довршиме. Со завршување на сите обврски на патот кон членството во ЕУ земјата ќе покаже дека сме спремни со една рамка, не само во владеење на правото, туку и во сите други области дека е подготвена да биде дел од евопското семејство, рече Мадиќ.

Токму затоа и одиме со Европскиот фронт, бидејќи Северна Македонија нема друг пат освен патот кон Европската Унија, додаде таа.

Секој судија носи одлука самостојно и независно. Судскиот совет и Советот на јавните обвинители се институции што треба да се одважат, бидејќи во нивни раце е палката за избор и разрешвуање на судии и обивнители потенцираше Мадиќ.

Заменик-министерката рече дека во Министерството за правда има работна група која работи на нов Закон за судски совет и анализа за тоа дали и како функционира овој Судски совет и заедно со Извештајот на оценксата мисија на ЕУ ќе се донесат решенија.