МАДИЌ : КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК Е ДОНЕСЕН БИДЕЈЌИ ПОСТАПКИТЕ СО ГОДИНИ СЕДЕА ВО ФИОКА И ЗАСТАРУВАА

0
141

„Министерството за правда не поднесува кривична пријава, доколку нема основни сознанија и доказен материјал. Или по допрен глас. Ние не правиме предистражна постапка. Никој не знае тој што се наоѓа на црна листа, за кое дело и што направил таму и за какво основно сомневање кај нас одредени истражни органи ги собрале предметите. Затоа бараме да покренуваме иницијатива до Обвинителството, сомневањето и основите да ги собере и да покрене. Имаме одлични органи како што се Јавното обвинителство, организираниот криминал и сите тие кои имаат доказен материјал, допрен глас, или каква било друга информација можат да се покренат и истражат, и основано сомнение и обвинителен акт,“ рече заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ во емисијата Топ Тема на ТВ Телма.

Таа посочи дека Министерстсвото како извршна власт да изготви закон, со кој што органите за прогон ќе го направат тоа.

„Во моментов цел доказен материјал дека Рамиз Мерко сторил во нашата држава нешто, органите за прогон ќе си го направат тоа,“рече Мадиќ во врска со градоначалникот на Струга Мерко, кој САД го ставија на црната листа со образложение за вмешаноста во значителна корупција.Во врска со Законот за кривична постапка, за кој беше прозвана Мадиќ од пратеникот Лефков, посочи дека тој постоел и во 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, какои дека според , чл 2 ст 3 , имало можност а никој не ја искористил, а и тогаш имало црни листи.

„Кривичниот законик, е донесен затоа што постапките од 5,7,10 години седеа во фиока и застареа. Сега овој закон дава голема можност за судиите многу побрзо можат да ги спроведуваат постапките. И тоа беше иницијативата за негово носење.Ние не можеме да се мешаме во самостојноста на еден судија, како претходната влада што го правеше и тоа го знаеме од бомбите и да не се повторувам, да не се враќаме назад. И затоа е важно да се направи чекор она што е мешање на надлежности, видовме како беше и до кој степен дојде државата. Трба да се разграничат кои се трите власти и што е е улогата на Министерството – подготвувач на закони,“ рече Мадиќ.