Луѓе умираат, „Брза помош“ – во служба на началниците!

0
1340

Празни возила на „Брза помош“ користени за провокација на блокадите! Ако не ги пуштиш, следи „спружување“ кај „куририте“ и сличните, однапред организирани да „известуваат“ за наводната нехуманост на демонстрантите. Нормално, без снимки од празните возила кои веќе кружат низ Фејсбук, туку со гнасна лага  – дека во нив имало пациенти во животна опасност!?

Иако ниту една постапка на актуелната власт веќе одамна не може да ја изненади македонската јавност, оваа лага и морничавиот обид за монструозно обвинување на Шарената револуција и на нејзините учесници, е капка која ја прелеа чашата…

Пред две години, мајка ми, ми почина на раце, чекајќи половина час да дојде возило на „Брза помош“. Од „Карпош 3“, во „Карпош 3“!? Претходно, операторот два пати ми спушти телефон, кога му кажував дека мајка ми има 74 години. На мојата уредно доставена претставка истиот ден, никогаш не добив одговор.

И денес, додека „Брза помош“ ги извршува наредбите на „началниците“, наместо да спасува животи, нечија мајка или сестра, нечиј татко, дедо или брат, можеби умираат, чекајќи ја помошта која нема да дојде навреме.

Но, не заборавајте началници, дека луѓето кои ги оставате да умираат, играјќи ги вашите политички игри, имаат семејства… Се ближи денот, кога тие семејства ќе дојдат по вас, и по вашата криминална Фамилија, и ќе мора да ја платите сметката за сите уништени и изгубени животи!

Петрит Сарачини

Извор: Цивил