Лук Донкерволке не е веќе на чело на дизајнот на корејската групација Hjundia, и KIA Gensis

0
176

Познатиот автомобилски дизајнер од Белгија беше одговорен за изгледот на моделите на марките Hyundai, Kia и Genesis, а вчера отстапи од својата лидерска дизајнерска позиција во тие компнии, јавуваат свтските агенции…

Имено, Лук Донкерволке се повлекол од местото прв дизајнер на автомобилската групација од Јужна Кореја, поради „лични причини “, а AutoNews пренесува дека оставката стапила на сила, вчера- среда, 29 април годинава.

„Беше чест и привилегија да се даде придонес на обликувањето на иднината на марките Hyundai, Kia и Genesis”, напишал Донкерволке по повод заминувањето од позицијата.

„Дрскиот и прогрсивен став ка компанијата ми овозможи да ги поместам границите во дизајнот”, Додал Белгијанецот .

Донкерволке од Групацијата Volkswgane заминал во Hyundai во 2015 година. Помеѓу другото неговиот потпис се наоѓа на моделите Kona и Palisade, a помогнал и во облиувањето на автомобилите на неодамна создадената премиум марка Genesis. Белгианецот помеѓу другото е заслужен и за изгледот на моделите Genesis G80 и G90, како и SUV модлот GV80.

Од AutoNews тврдат дека Hyundai засега нема да именува нов шеф на дизајнот на комплетната групациа, a за обликување на моделите на марките Hyundai и Genesis ќе остане задолжен Санг Јуп Ли, додека за дизајнот на брендот Kia и натаму одговорен ќе биде Карим Хабиб, кој кај производителот од Кореја стасал минатата  2019 година.

Лук Донкерволке кариерата ја започна во 1990 година во компанијата Peugeot, за две години потоа да замине во Volkswagen групацијата каде го потпишува дизајнот на првата генерација на моделите Škoda Octavia и Fabia. Работел и на моделите Audi A4 Avant, тркачкиот Audi R8 Le Mans, како и Lamborghini Diablo VT, Murcielago и Gallardo.

Овој 55 годишн Белгијанец го обликувал и моделот Seat Ibizа од четвртата генерација, но и луксузниот Bentley Flying Spur.

Извор : АвтоКлуб