ЛУКАРЕВСКА : ОЧЕКУВАМ ОДГОВОРНОСТ ОД ДПМНЕ ЗА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА, СДСМ ЌЕ ЈА ИМА НАЈДОБРАТА КАДРОВСКА ПОНУДА НА ИЗБОРИТЕ

0
249

Законска обврска и задача е на сите партии, вклучително и на ВМРО-ДПМНЕ е да ги достават сите кадровски решенија за техничката влада и потоа да се гласа во македонското Собрание, очекувам одговорност, ДПМНЕ мора да научи да почитува законски одредби, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска во интервју за Сител Телевизија.

-ВМРО-ДПМНЕ мора да научи дека она што значи законска одредба дека треба да се испочитува. Каде е оправданоста некој да понуди ресори, да даде свои министри а да не ги гласа, да не ги поддржува? Тоа е политички парадокс, додаде Лукаревска.

СДСМ ќе ја најдобрата кадровска понуда на овие избори потенцираше таа.

-СДСМ ќе ја најдобрата кадровска понуда на овие избори. Наше е да понудиме иднина и просперитет на оваа држава и ние тоа ќе го направиме. Не смееме да дозволиме повторно да се вратиме назад или да се кочиме од внатре, од дома за напредокот на земјата. Во СДСМ во моментов тече внатрепартискиот процес на предлагање и евидентирање кандидати за претседател на државата и за пратеници. Понатаму ќе ги видиме сите анализи, анкети, согледувања и во консултации со раководството на партијата, со коалициските партнери, ќе ги донесеме одлуките за настап на парламентарните избори. СДСМ е основоположник на Европскиот фронт. Убедена сум дека европската опција ќе биде победничка, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

Таа додаде дека информациите кои се пласираат за 2016 година се различни од реалноста и потенцираше дека СДСМ ја поддржа техничката Влада.

-Има огромна разлика. Би ја раскажала целата хронологија од таа 2016 година. Се закажа најпрво седница за распуштање на Парламентот со одложено дејство да важи од 24 февруари а изборите да бидат на 24 април 2016 година. Тогаш пратениците на СДСМ ја напуштија салата затоа што дел од заклучоците или обврските од пржинскиот договор тогаш не беа спроведени. СДСМ одлучи дека нема да учествува на избори во април месец заради неисполнети услови од Договорот од Пржино којшто не беше испочитуван. Затоа потоа имаше и Пржино 2. После тоа, на 2-ри септември 2016 година ја имавме и техничката Влада а изборите беа во декември 2016 година, рече Лукаревска  во интервју за Дневникот на Сител Телевизија.