ЛУКАРЕВСКА ОД ТРИБИНАТА НА СДСМ : ЈА ОСЛОБОДИВМЕ ЗАРОБЕНАТА КУЛТУРА, НАШИОТ КОНЦЕПТ Е ЕВРОПСКА КУЛТУРА

0
384
Како одредена власт или политичка опција се однесува кон културата, тоа го дефинира и нејзиниот однос кон вредностите и уште поважно кон иднината на земјата, како што нашиот концепт е за европски вредности и европска држава, нашиот концепт е за европска култура, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, денеска на партиска трибина на СДСМ, во Гостивар.
-Нашиот концепт е за европска култура. И тоа е уште една суштинска разлика со концептот на опозицијата за изолација, заробена држава и заробена култура, рече Кукаревска.
Цели 11 години со ДПМНЕ граѓаните видоа какви последици може да има доколку културата се зароби, се стави во улога на криминални и партиски интереси на мала група луѓе. Се потрошија речиси 1 милијарда евра за споменици, барок и стиропор во центарот на Скопје додека системски се уништуваше културата.  Видовме политички обид за културен инженеринг, упад во културното и идентитетско наследство.
Немаше сегмент од културата којшто ДПМНЕ не го остави во катастрофална состојба, потенцираше Лукаревска.
-Затоа СДСМ во изминативе години вложува со сите сегменти на културата.  За нас културата е однос кон општеството, кон граѓаните, вредност, грижа.  СДСМ ја ослободи културата, ја врати во нормала и во рацете на професионалците. Демократизирани се културните процеси, вратени се професионалните стандарди во институциите и ослободени се креативните процеси за сите уметници, за сите граѓани. Значително вложивме во подобрување на условите за работа и унапредување на животниот стандард на вработените во културата. Платите во културата се зголемени за околу 120% споредбено со времето на владеење на ДПМНЕ. Презедовме мерки да го заштитивме и да го промовираме нашето културното наследство, идентитет и традиција, рече Лукаревска.
Со политиките на СДСМ македонскиот јазик, култура и посебност се на исто рамниште со европските јазици.
-Со државничките одлуки што ги носиме, потврдивме и осигуравме и европско и светско признание на македонскиот јазик и македонскиот идентитет!  Ова беше година на заштита на македонскиот јазик. СДСМ е горд за се она што го има направено за заштита, унапредување и признавање на македонскиот јазик, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, денеска во Гостивар на трибината „Резултати што прават разлика“.