Monday, February 17, 2025
1.8 C
Skopje

ЛУКАРЕВСКА : ДРЖАВАТА ИМА ЕВРОПСКА ИДНИНА, ЈА ИЗВАДИВМЕ ОД ИЗОЛАЦИЈАТА ВО КОЈА БЕШЕ ЗАРОБЕНА

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во утринската програма на Слободен Печат истакна дека нејзината партија до сега има сработено се’ во корист на граѓаните. Конзистентноста во креирањето на европски политики и обезбедуваат на државата европска иднина, каде што се испреплетуваат европските развојни политики, европскиот стандард и безбедноста.
„Без разлика што изминатиот период опозицијата водеше анти кампања и зборуваше за предвремени избори – ширеа само лажни вести кај граѓаните, ние разговараме само за редовни избори и се надевам дека престојните избори ќе бидат во корист на СДСМ“ – додаде Лукаревска.

Таа посочи дека преку пакетот на антикризните мерки и обезбедувањето на подобар животен стандард со зголемувањето на пензиите и минималната плата – СДСМ води исклучително европска политика и обезбедува квалитетно општество за живеење.„Државата има европска иднина, излеговме од изолацијата во којашто бевме заробени, а сите реализирани проекти до сега се само показател да се види кој и мисли добро на државата“ – рече Лукаревска.

„Видовме во јавноста кој колку си ја сака државата пред неколку дена во Собранието имавме прилика да видиме како се крши и уништува, а тоа е добар показател да се види кој и мисли добро на државата“ – истакна таа.Додаде дека опозицијата наместо да се залага за подобра перспектива на државата, преку нивните антиевропски политики ја враќаат државата назад и ја држат државата во изолација како во времето пред 2016 година кога владееше криминалот и режимско владеење.

„Исклучиво разговаравме со важни ЕУ лидери, излеговме од изолацијата во којашто бевме до 2016 година, а тоа значи само едно : секогаш на страна на граѓаните, со што и покажавме во текот на нашиот мандат преку: зголемување на минималната просечна плата, пензиите, воведувањето на пакет на антикризни мерки и мерки за време на енергетската криза – е показател дека имаме едно општество за сите“ – рече Лукаревска.

Заменик-претседателката на СДСМ додаде дека „Новиот пакет на антикризни мерки ќе биде насочен каде што е најпотребно. Тука е разликата меѓу нас и опозицијата. Порано се трошеше на стиропор, жални врби и Скопје 2014, тоа како да го имаме заборавено. Сега имаме соодветни економски мерки кои даваат резултат“.
„Во новиот буџет имаме предвидено 1,36 милијарди евра за пензионерите. Од 2017 година, вклучително и 2024, издвоени се 8,5 милијарди евра за пензионерите. Просечната и минималната пензија се зголемени за 50 отсто“ рече Лукаревска.

ОВАА НЕДЕЛА

КАТАКЛИЗМА ВО СОСЕДНА ГРЦИЈА: ГРЧКИТЕ ОСТРОВИ ЗАКИНТОС И КЕФАЛОНИЈА ПЛИВААТ ВО ВОДА

Во регионот на Јонското Море, kaj грчките острови Кефалонија...

ШТИПЈАНЕЦ СЕ ОБИДЕЛ ДА СИЛУВА ПОП

Фото : Илустрација Триесет и деветгодишен штипјанец вчера во населбата...

ЗАЕДНИЧКА ПРЕВЕНТИВНА АКЦИЈА НА МВР И ОПШТИНИТЕ КИСЕЛА ВОДА И ЦЕНТАР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со градоначалниците...

ДОКОЛКУ КОРИСТИТЕ ФЕЈСБУК, ВНИМАВАЈТЕ НА ОВАА ИЗМАМА

Check Point Research (CPR) предупреди на нова кампања за...

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ ПОРАДИ МАГЛА НА СТРАЖА

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,...

СПОРЕД БЛУМБЕРГ ТРАМП САКА ДА ПОСТИГНЕ МИР ВО УКРАИНА ДО ВЕЛИГДЕН

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп настојува да постигне...

ВЛАДАТА НЕДЕЛАВА ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ГО ПРИФАЌА ПРЕДЛОГОТ НА КОМОРАТА НА ТРГОВЦИ

Министерството за економија и труд неделава се очекува да...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ