ЛУКАРЕВСКА ВО 360 СТЕПЕНИ ВО ВРСКА СО ОБВИНУВАЊЕТО ОД СТРАНА НА МИЦКОСКИ : НИКАКВИ ФУНКЦИОНЕРИ НА СДСМ И ДУИ НЕ ИСПУМПУВАЛЕ БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА ПРЕКУ УЈП И ТОА НЕ Е СКАНДАЛ, ТУКУ НЕЗАКОНСКО РАБОТЕЊЕ НА ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ

0
482

Прашана дали овој случај досега можеби требало да биде во истражна постапка со оглед на тоа дека се поминати 10 месеци од неговото откривање, Лукаревска вели дека станува збор за комплициран случај и дека таквите се подолги и пообемни за работа

На прашањето дали во случајот има линии што водат до високи функционери на власта, директорката на УЈП рече дека не може да коментира такво нешто.

Јас сум горда на тоа што ние алармиравме веднаш штом ги откривме небулозните дејствија од страна на даночните обврзници, затоа не можам да дозволам да се кажува дека станува збор за скандал на УЈП, туку станува збор за скандал со незаконско работење на даночни обврзници што се сопственички поврзани и кои ги менаџира едно исто сметководствено биро, изјави директорката на УЈП и заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска, во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, одговарајќи на прашање за случајот со малверзации со ДДВ, кој во јавноста го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, со тврдење дека во него се инволвирани високи функционери од власта.