ЛУКАРЕВСКА ВО 360 СТЕПЕНИ : ВО ВРЕМЕ НА КРИЗИ НЕ Е ХУМАНО И ПАТРИОТСКИ ДА СЕ БАРААТ ИЗБОРИ

0
163

Заменик-претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска, во своето гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, зборувајќи за лидерската средба што ја бара ВМРО-ДПМНЕ, рече дека СДСМ нема ништо против доколку се зборува за теми во интерес за граѓаните, а не за одржување предвремени парламентарни избори.

„Да има лидерска средба за конкретни работи кои ќе бидат од добробит за граѓаните. Мицкоски бара лидерска средба за предвремени избори. Сега ние се справуваме со ковид-криза која не е за занемарување, имаме безбедносна криза, енергетска криза и, на крај на краишта во ваква состојба не е патриотски и хумано да се бараат избори“,  рече Лукаревска.