Monday, March 24, 2025
7.8 C
Skopje

ЛУКАРЕВСКА: ВЛАСТА ДА ОБЕЗБЕДИ ПАРИ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА ЗА РАБОТНИЦИТЕ

Прес конференција на СДСМ, Сања Лукаревска – пратеничка

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Економијата тоне, животниот стандард на граѓаните драстично се влошува а власта покажува неспособност и целосна незаинтересираност за кризата која самата ја предизвика.

СДСМ предлага конкретни мерки и закони кои ќе го запрат економскиот пад, кои ќе ги покачат платите и ќе ги намалат сметките на граѓаните, но ВМРО-ДПМНЕ упорно ги одбива.

Клучните економски параметри покажуваат дека на македонската економија не и оди, дека граѓаните имаат се помалку пари.

Инфлацијата е зголемена и изнасува 5%. Цените на храната се зголемени за 20%.  Индустриското производство е во пад од 1,4% а извозот е намален за 5,9%.

Платите стагнираат, нема зголемување ниту на минималната ниту на просечната плата.

Најновите податоци се загрижувачки – дури 83.000 работници не ја добиле јануарската плата!
Драстичниот раст на бројот на компании кои не успеваат да исплатат плата и отпуштените работници се првите знаци дека е влошена и нестабилна состојбата и во компаниите.
Ова не се само бројки, ова се човечки животи, ова е нашето секојдневие.
Реално, народот осиромашува.

Ова се негативни економски трендови кои ќе продолжат доколку Владата итно не преземе конкретни мерки.

Последната изјава дека нема пари за поголеми плати за работниците, дека нема пари за поголема минимална плата уште еднаш покажува отсутност од релноста.

Тоа значи дека стандардот на граѓаните ќе продолжи да се намалува, граѓаните ќе имаат се помалку пари и нема да можат месецот да го поминат со високите сметки и цени на храна.

Парите од буџетот мора да бидат наменети за граѓаните!

Бараме од власта и од владејачкото мнозинство да обезбеди пари за покачување на минималната плата.

Тоа и е работа на Владата, да најдат пари за поголеми плати на работниците и да им помогнат.

Работниците заслужуваат достоинствен живот, а не беда и понижување!

Доколку власта тоа не го направи, СДСМ ќе поднесе Закон за зголемување на минималната плата.
Најмалку што заслужуваат работниците е фер минимална плата од 500 евра за достоинствен живот.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОПОВ НА РЕВИЈАЛЕН МЕЧ ВО ХЕРЕНВЕН ОДДАДЕ ПОЧИТ ЗА АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ И КОЧАНИ

Горан Попов играше на ревијален натпревар во чест на...

ВОДОПАДИТЕ НА НИЈАГАРА СО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Вечерва во 21:00 часот по средноевропско време, Нијагарините водопади...

ЗА УТРЕ И В ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ ЗАКАЖАНИ ТРИ СОБИРИ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА

Студентски собир, студентски пленум и граѓански марш – во...

ТАРАВАРИ: СИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ БОЛНИЦИ СЕ ДО ДОБРА И СТАБИЛНА СОСТОЈБА

Се планира девет пациенти да бидат испишани на почетокот...

ПЕТ ПОВРЕДЕНИ ОД КОЧАНИ СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ВЕЛИ ТАРАВАРИ

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ