ЛУДНИЦА – ГРЧЕВА ГО БРАНИ СВОЈОТ БЛИЗОК ПРИЈАТЕЛ: ЗОШТО ГО ОСУДИЈА ПАЛЕВСКИ БЕЗ СУДСКИ ПРОЦЕС?!

0
1090

Поранешната пратеничка и сега актуелен претседател на партијата „Глас за Македонија“, Солза Грчева, реагира на прашањата од – како што вели – владините мегафони “чиј производ е Палчо”, забележувајки притоа дека и за него мора да важи презумпција на невиност, се додека не е осуден.

„Мојот одговор е: На ова распаднато општество, на распаднатиот безбедносен систем, на корумпираното СЈО каде се продаваа и се уценуваше со прислушкувани разговори, на епидемиската корупција.И сега се сомневам зошто мин. Спасовски јавно на прес го прогласи осомничениот за сигурен убиец, не почитувајќи го правото на невиност додека не се осуди?

Дали некој не му подготвува терен да бара политички азил со ваквите изјави (според Проф. Калајџиев)?

Калајџиев: Палевски може да го искористи тоа што го нарекуваат „монструм“, „психопат“…

Дали некому не му одговара осомничениот да пропее?
Па зарем не се сеќаваме како “го избегаа” Груевски?
Затоа прашањето кое го поставуваат, треба самите тие да го одговорат.
Во меѓувреме јавноста бара правда за младата Вања и за фризерот Панче. Правда и вистинска работа на органите. Доста од манипулации!Донесете го, докажете и осудете ги сите кои учествувале во овој грозоморен чин“, порачува Грчева во објава на Фејсбук