ЛУДАК ВО БИТОЛА СИЛУВАЛ ЛИЦЕ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ И ГО СНИМАЛ ЧИНОТ НА ТИК-ТОК

0
178

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Полова злоупотреба на немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик.

На 23 април, во својот дом во Битола, осомничениот полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на „Tik-Tok“.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Оценувајќи дека предлогот е оправдан и законски основан, Судот определи притвор во траење од 30 дена.