Британскиот амбасадор во Македонија, Метју Лосон, категорично ги демантираше шпекулациите пласирани во јавноста дека со новото стратешко партнерство со Обединетото Кралство Македонија ќе прифаќа мигранти.
На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата, Лосон нагласи дека договорот се однесува на безбедносна и полициска соработка, а не на трансфер на луѓе.