Monday, February 17, 2025
2.8 C
Skopje

Лоренцо ја освои ГН на Италија

Возачот на Јамаха, Хорхе Лоренцо, во доминантен стил победи на трката за Големата награда на Италија, шеста во сезоната во Мото ГП шампионатот.

lorenzo

Лоренцо до третата последователна победа во кралската класа во Мото ГП првенството стигна со време од 41:49.173 минути на патеката Муџело.

Шпанецот до победата стигна пред италијанскиот двоец Андреа Јаноне (Дукати) и Валентино Роси (Јамаха).

Трката за ГН на Италија, покрај доминантното возење на Лоренцо, кој во вториот свиок го презеде водството и до крајот не дозволи никој да ја загрози неговата позиција, донесе исклучително интересна борба за втората и третата позиција.

Втор на крајот заврши Јаноне кој стартуваше од втората позиција, додека Роси стигна до третото место иако стартуваше од осмото место. Јаноне ја доби битката со актуелниот шампион Марк Маркез, кој излета на шест кругови до крајот и не ја заврши трката, додека Роси ја доби битката за третото место со Довициозо (не ја заврши трката поради технички проблеми) и Педроса.

По шест трки во кралската класа, лидер во пласманот е Роси со 118 бодови, шест повеќе од Лоренцо, додека Довициозо е трет со 83 бодови.

Првенството во кралската класа ќе продолжи со трката за Големата награда на Каталонија, која ќе се вози на патеката „Каталуња“ на 14 јуни.

ОВАА НЕДЕЛА

КАТАКЛИЗМА ВО СОСЕДНА ГРЦИЈА: ГРЧКИТЕ ОСТРОВИ ЗАКИНТОС И КЕФАЛОНИЈА ПЛИВААТ ВО ВОДА

Во регионот на Јонското Море, kaj грчките острови Кефалонија...

ШТИПЈАНЕЦ СЕ ОБИДЕЛ ДА СИЛУВА ПОП

Фото : Илустрација Триесет и деветгодишен штипјанец вчера во населбата...

РУМЕН РАДЕВ: НЕ ПРИФАЌАМЕ ИЗМЕНИ НА АКТУЕЛНИТЕ ДОГОВОРИ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на средбата со претседателот...

ВУЧИЌ: ГИ РАЗБИРАМ СТУДЕНТИТЕ, НО НЕ И ПРОФЕСОРИТЕ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави вечерва дека протестите...

ЗЕЛЕНСКИ: САКАМ УКРАИНА ДА БИДЕ ПРИОРИТЕТ НА ТРАМП, А НЕ РУСИЈА, ПУТИН Е УБИЕЦ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Meet the...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ