Sunday, May 18, 2025
8.8 C
Skopje

ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ СЕ РАСПИШАТ НА КРАЈОТ НА ЈУЛИ ИЛИ ПОЧЕТОКОТ НА АВГУСТ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши соопшти дека кон крајот на јули или почеток на август треба да се распишат локалните избори.

Информира дека е побарано да се одржи јавна расправа во Собранието околу измените на Законот за локална самоуправа кои од Министерството за локална самоуправа се најавуваат веќе одреден период.

Во коментар за одлуката на крилото на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари да одат сами на локалните избори, а не со заеднички листи за кандидати за градоначалници и советници со коалицијата Влен, Гаши уверува дека во моментов нема нова ситуација во однос на прераспределба на пратеници во други групи.

„Сега засега во Собранието е статус кво во однос на нова распределба на пратениците, се е како што било. Значи, сите пратенички групи кои се формирале на почетокот на овој нов собраниски состав продолжуваат да работат, а ако имаме нови промени ќе треба тоа официјално да го достават до службите и до мене, за да ги информирам потоа другите пратенички групи и пратенци“, рече Гаши на денешниот брифинг со новинарите.

Собранискиот спикер вели дека на следната пленарна седница која треба да се одржи на 29 април се очекува да биде ставена интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица.

Оваа партија смета дека причина за интерпелацијата е тоа што „Тошковски, од позиција на министер за внатрешни работи, грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР“.

Гаши го коментираше и евроинтегративниот процес на државата. Тој нагласи дека има нов политички моментум за зголемена волја на државава да го забрза евроинтеграциски процес. Спикерот потенцира дека државата има многу пријатели кои сакаат да помогнат и се надева дека ќе се надмине препреката, односно гласањето на уставните измени.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ