И по притисокот на Таравар и неговиот газда, тој не го добил предметот за „печатите на АА“. Предметот за легитимноста на Алијансата за Албанците се вратил на повторно судење во Основниот суд во Тетово, вели Кренар Лога, потпретседателот од фракцијата на Зијадин Села од Алијанса за Албанците. „АУМ – Алијанса за услуги на Мицкоски би било во право да се нарече новиот субјект по разделбата од нашата партија.
100 дена владеење со ВМРО-ДПМНЕ се докажала квислиншката активност во секоја секунда. П.с И во Апелациониот суд во Гостивар сменета е судијката, ама… нема врска друже, не спомнувај бидејќи во наша корист е“ напиша Лога. Неговата реакција следи откако од фракцијата на Арбен Таравари од АА соопштија дека Апелациониот суд во Гостивар го вратил на повторно судење предметот за печатите на партијата.