ЛОГА ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ : ЗАВРШИ ВРЕМЕТО КОГА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ СЕ ОДНЕСУВАА КАКО ВО СВОЈ ДВОР

0
150

Реакција на министерот за правда Кренар Лога на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за писмото испратено до меѓународниот фактор за ,,упад“ на парламентарното мнозинство во уставни и независни институции.„Времето кога политичките партии во Северна Македонија се однесуваа како во свој приватен двор заврши во 2017 година, и тоа благодарение на западната ориентација на земјата и процесот на интеграција координиран со Европската Унија.

Документите што Северна Македонија ги има усогласено со Брисел се обврски што произлегуваат од таа агенда, како што се: Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година, Патоказот за Владеење на Правото и Планот за Раст на ЕУ.

Оценската мисија на ЕУ (Експертскиот тим, предводен од Бранко Хрватин, поранешен претседател на Врховниот суд на Хрватска) ги даде своите забелешки и препораки во врска со Судскиот совет и тие препораки од ИЗВЕШТАЈОТ се спроведуваат од страна на државните институции.

Тенденцијата за дисциплинирање на судството преку јавни и општи пораки не помага во изградбата на Владеење на Правото; индивидуална одговорност треба да постои и тоа го поддржуваме во секој момент, денес и секогаш кога има прекршување“ се вели во реакцијата на Лога.