ЛОГА-ГАРСИЈА : ШПАНИЈА ЌЕ ЈА ИНТЕНЗИВИРА СОРАБОТКАТА СОРАБОТКАТА ВО ДЕЛОТ НА РЕФОРМИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО И ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

0
380

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со амбасадорот на Шпанија, Н.Е Хозе Луси Лозано Гарсија .Министерот Лога и амбасадорот Гарсија ги потврдија одличните билатерални односи помеѓу двете земји и истакнаа дека постои простор и подготвеност од двете страни оваа соработка да се продлабочи и интензивира.

Кралството Шпанија дава јасна и недвосмислена поддршка за што поскоро отпочнување на преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија.Министерот Кренар Лога го информираше шпанскиот амбасадор за активностите кои ги презема Министерството за правда во делот на реформите на правосудството, владеење на правото и законодавната агенда од каде наскоро се очекуваат конкретни резултати.