ЛИШЕН ОД СЛОБОДА РАЗБОЈНИК ОД КОЧАНИ, ОДЗЕМЕНОТО ВРАТЕНО НА СОПСТВЕНИКОТ

0
185

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани денеска (01.12.2022) го лишија од слобода И.П. (33) од Кочани поради основи на сомнение дека во текот на денешниот ден извршил разбојничка кражба во објект на територија на Кочани.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од полициски службеници и И.П. е лишен од слобода.

Во консултации со јавен обвинител  кривичното дело е квалификувано како “разбојничка кражба” по член 238 од КЗ.

Сторителот го признал и појаснил кривичното дело, обезбедени се предметите од кривичното дело и се вратени на сопственикот, а  по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.