Monday, January 20, 2025
0.8 C
Skopje

ЛИМАНИ : ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ – ДАВАТЕЛИ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ СЕ НАШ ППАРТНЕР ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА БЛАГОСОСТОЈБА НА ГРАЃАНИТЕ

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска се сретна со претставници на неколку граѓански организации- даватели на социјални услуги. На средбата се разговараше за заедничките заложби и цели на кои работат двете страни, а тоа е обезбедување на благосостојба на граѓаните, корисници на услугите.

Соговорниците разговараа за резултатите на социјалната реформа, со акцент на деинституционализацијата и социјалните услуги,  кои претставуваат одличен пример во регионот за тоа како системот на социјална заштита е во корист на корисниците на услуги.

Од страна на Министерството, беше посочено дека со почетокот на 2025 година предвидена е ревизија на Законот за социјална заштита, уредување на подзаконските акти и мониторинг евалуација на социјалните услуги.

Како и дека, наскоро ќе биде објавен и нов јавен повик за изразување интерес на општините за воспоставување и проширување на социјалните услуги и зголемување на бројот на корисници.

Соговорниците се согласија во заедничките  цели –   јакнење на системот на социјална заштита, а тоа најдобро се прави преку зајакнување на социјалните услуги преку кои корисниците се подготвуваат за живеење со поддршка и  нивно вклучување на пазарот на труд, како активни чинители во општеството.

ОВАА НЕДЕЛА

НАПАДНАТ ЛЕКАР ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

Тетовец нападнал лекар од Клиничката болница Тетово, стои во...

СЕ ЗАПАЛИ КУЌА ВО ДЕЛЧЕВСКО, ЗАГИНА 37-ГОДИШНИК

Пожар утрово изби во селото Чифлик, Делчевско, а притоа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ