ЛИДЕРСКА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК ВЕДНАШ ПО ЧАСОВИТЕ НА МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ КАЈ МИЦКОСКИ : ВМРО ДПМНЕ ЈА ПРИФАТИ ПОКАНАТА НА СДСМ ЗА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, НО СО ЕДЕН УСЛОВ

0
299

Проф. Христијан Мицкоски, почитуван професор на Машинскиот факултет, се подготвува за лидерска средба во Собранието во својство на прв човек на политичката партија ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски љубезно ја прифати понудата од СДСМ, но побара средбата да се одржи по 11 часот за да може да ги заврши своите обврски.

ЛИДЕРСКА СРЕДБА СЕКАКО Е ПРИФАТЛИВА ЗА ВО ПОНЕДЕЛНИК, НА КОЈА НИЕ ОЧЕКУВАМЕ ДА СЕ РАЗГОВАРА КОНЕЧНО ЗА ПРЕЦИЗИРАЊЕ НА ДАТУМОТ НА ИЗБОРИ, ПРИФАЌАЊЕ НА ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА ОБСЕ/ОДИХР, КАКО И ПОНУДАТА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА, ВО ЗАМЕНА ЗА ТОА ДА НЕМА ТЕХНИЧКИ ПРЕМИЕР ОД ДУИ. ВОЕДНО, БИДЕЈЌИ СЕ ОДЛУЧИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА ПРЕКУ МЕДИУМИ, ЗАМОЛУВАМЕ СРЕДБАТА ДА БИДЕ ПО 11 ЧАСОТ ВО ПОНЕДЕЛНИК, БИДЕЈЌИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ ИМА ЧАСОВИ СО СТУДЕНТИТЕ НА МАШИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ КАДЕ РАБОТИ КАКО РЕДОВЕН ПРОФЕСОР, РЕЧЕ ПОРТПАРОЛКАТА НА ВМРО ДПМНЕ МАРИЈА МИТЕВА.

СДСМ се согласи средбата да се одржи во 12 часот.

Премиерот Ковачевски на прес-конференцијата со високиот европски претставник Жозеп Борел посочи дека на средбата на лидерите на Собранието се поканети парламентарните партии и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Важните прашања на овој состанок ќе го вклучат напредокот на Македонија кон пристапувањето во Европската унија, претстојните претседателски и парламентарни избори и можните промени во изборниот законик врз основа на сугестиите на ОБСЕ ОДИХР.

-ЌЕ РАЗГОВАРАМЕ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ЌЕ РАЗГОВАРАМЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕТО НА РЕДОВНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ И ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ КАКО И ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК СОГЛАСНО ПРЕПОРАКИТЕ НА ОБСЕ ОДИХР, НАЈАВИ ВЧЕРА ПРЕМИЕРОТ ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ.

Премиерот при изјавата директно не го спомена Законот за Влада. Ова е најверојатно доказ дека не го прифаќа барањето на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничка влада. За потсетување, СДСМ и ДУИ се договорија откако Ковачевски ќе поднесе оставка, што се очекува да се случи до крајот на јануари, кандидат Албанец да стане премиер. Ова решение би требало да заврши на 8 мај, што е и последниот ден од 100-дневниот период и датумот на кој треба да се одржат редовните парламентарни избори и вториот круг од претседателските избори.