Monday, November 4, 2024
10.8 C
Skopje

ЛИДЕРОТ НА ЕДИНСТВЕНА МАЌЕДОЊА, ЈАНКО БАЧЕВ СО ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЖАН КЛОД ВАН ДАМ, ЈУНКЕР, ЗАЕВ, ТРАМП, ПУТИН, ИВАНОВ, ЦИА, МОСАД, КИНА, НАТО, ЕУ!

Почитуван Претседателе на Европската комисија,
Ги слушнав информациите од вашите одвоени средби од 25 февруари со претседателот и премиерот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и Зоран Заев, на кои станало збор дека Република Македонија нема алтернатива за ЕУ и НАТО.
Силно сум вознемирен од лагата која ви ја пренеле Заев и Иванов за едно така сериозно прашање кое е во врска со иднината на Република Македонија во постојните интеграции во меѓународните односи. Токму затоа, мојата партија Единствена Македонија презеде една поактивна улога за да помогне да се разјасни меѓународно-политичката ориентација на македонскиот народ и држава.

Ви ја доставувам на вашата екселенција волјата на Единствена Македонија, македонскиот народ и еден дел од малцинствата дека Република Македонија не ја гледа својата иднина во ЕУ и НАТО и не ги дели вашите либерални вредности во спротивност со природните законитости, како хомосексуализам, истополови бракови, посвојување на деца од истополови бракови, дрогирана младина…како и вашите заложби за промена на македонското име, идентитет, устав, кантонизација, рекомпонирање на политичкиот систем, неоколонијално економско ропство… Во Република Македонија нема алтернатива за ЕУ и НАТО само за домашните политички водства кои во изминатите 27 години откако претходно успешно ги корумпирате и купувате, дополнително тие стануваат ваши послушници и заложници во спроведувањето на вашите погубни политики спрема Македонија и Македонците.

Единствена Македонија, македонскиот народ и еден дел од малцинствата во државата ја изразуваат својата волја за стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија со кои не врзуваат исти вредности, како што се традиционализмот, национален и религиски идентитет, заштита на името, идентитетот, суверенитетот и територијалниот интегритет, создавање, а не рушење на економии со можност граѓаните од државите-членки на Евроазиската економска унија да живеат во својата Татковина, огромен пазар за нашите производи кои нема да бидат уценети, како што се уценети за сметка на западните корпоративни интереси.

Република Македонија и македонскиот народ имаат алтернатива. Иднината припаѓа на Русија, Кина и останатите држави од БРИКС. Република Македонија сака да се вклопи во таа иднина.

Единствена Македонија ќе ја оствари таа иднина заедно со македонскиот народ, да останеме свои на своето и за зачувување на Македонија и Македонците и на сите граѓани на Македонија. Ова многу бргу ќе стане реалност оти новите геополитички поместувања на Балканот се навестуваат. Тие доаѓаат.

Верувам ќе се согласите дека едно реално гледање на вистината е во интерес на Европската унија и Република Македонија.

Знам колку се овие прашања важни за вас и длабоко го ценам времето што ќе го употребите вашата заложба за членство на Македонија во ЕУ што подразбира и обезличување на македонскиот народ, го сметаме за заложба на минатото.

д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија

ОВАА НЕДЕЛА

ПЕНЗИОНИРАНИ ПОЛИЦАЈЦИ СПОДЕЛУВАЛЕ СЛУЖБЕНИ ТАЈНИ СО КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ,,ДУЌАНЏИК”

Приведени се двајца пензионирани полицајци и уште едно лице...

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ГИ ДОДЕЛИ СТИПЕНДИИТЕ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ЗА АКАДЕМСКАТА 2024/2025 ГОДИНА

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги додели стипендиите „Борис...

ВМРО-ДПМНЕ : ФИЛИПЧЕ ДОДЕКА ЗЕМА НАРОДНИ ПАРИ ИМА ОБВРСКА ДА ДАВА ОТЧЕТ КАДЕ ГИ ТРОШИ ИСТИТЕ

Довчерашниот државен функционер и денес претседател на СДС, Венко...

ТОШКОВСКИ ПРЕД ЗНМ : ОПШТЕСТВО КОЕ ИМА СИГУРНИ И БЕЗБЕДНИ НОВИНАРИ Е ДЕМОКРАТСКО ОПШТЕСТВО

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (04.11.2024) во...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ