Либертас: „Шета“ ли Бекир Асани специјалци во родното Танушевци?!

0
1065

Жители на селото Танушевци во близина на македонско-косовската граница од каде во 2001-та започна воениот конфликт, за Либертас искажуваат загриженост.

Според нив, последниве денови во околината на селото го среќавале претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Бекир Асани, во друштво со полициски специјалци.

Асани е нивен соселанец, но присуството на специјалци во околината им ги враќале спомените од 2001-та и како што тврдат, ги вознемирувале.

Асани во последно време беше актуелен со инцидентот околу крстот во Бутел и претепувањето на Тодор Петров.

Провладините медиуми вчера „курирски дознале“ и објавија дека Асани лично му се заканил на лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Провладините медиуми алудираат дека Асани смета дека зад анонимниот Јутјуб аканут Никола Тесла наводно стоеле блиски луѓе до опозицискиот лидер и дека доколку се појавела уште една снимка од функционери на ДУИ, ќе било многу лошо.