Либертас открива: По пропаѓањето на договорот од Пржино, владата на Груевски под меѓународна изолација!

0
1260

По последниот обид на еврокомесарот Јоханес Хан ноќеска со лидерите на четирите партии, договорот постигнат во Пржино помеѓу власта и опозицијата не е во прекин, туку е пропаднат а одговорноста за тоа ја има Никола Груевски, открива западен дипломат за Либертас.

На ЕУ и САД, односно на преставниците инволврани во обидот да се реши политичката криза, од ноќеска им е совршено јасно дека нивните заложби договореното во Пржно да биде имплементирано не успеале, вели тој. За ден два, како што тврди, ЕУ и САД најверојатно и јавно ќе го соопштат ставот дека договорот од Пржино пропаднал и дека за неуспекот е виновен премиерот Никола Груевски.

Меѓународната заедница, според него, е на чисто дека Груевски не сака договорот да се спроведе и веќе се подготвувале мерки, контра удар на игрите што ги правел Груевски околу решавање на политичката криза со договорот од Пржино, кој и самиот го потпиша.

Повеќе детали ОВДЕ