ЛИБЕРТАС: Министерот Цветков се изнервирал и забранил да му даваат кафе на заменикот Николовски, немал заслужено

0
779

Министерот Михаил Цветков не може да го поднесе фактот што мора да соработува со дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски од СДСМ, дел од техничката влада за спроведување на изборите.

Откако првично не сакаше да му даде кабинет, како што дознава Либертас, Цветков бурно реагирал и на средбата со Николовски пред десетина дена.

Средбата се одржала во кабинетот на Цветков во тензична атмосфера а министерот бил многу налутен поради кривичните пријави кои му ги поднесе Николовски според доказите кои ги пронајде кога за прв пат влезе во министерството, како припрема за изборите планирани за 24 април, па одложени за 5 јуни.

На средбата на која биле присутни соработниците на Николовски, како и вработени во правната служба, Цветков почнал да вика, по што и упатил наредба на жената која донела кафиња за гостите, да не му дава кафе на Николовски, бидејќи, како што рекол, немал заслужено. Откако таа сепак му оставила кафе и на Николовски, Цветков го тргнал од пред него велејќи му дека тој нема ништо направено за земјоделците и нема да пие кафе во неговиот кабинет, дознава Либертас.

Тема на средбата било и толкувањето на измените на Законот за влада согласно Договорот од Пржино, па Цветков почнал да им вика и на вработените во правната служба, откако тие дале толкување на законот спротивно на неговото мислење. По ова Цветков почнал на висок тон да ги прашува на чија страна се тие, односно за кого работат, дали за него или за Николовски.

Либертас дознава и дека откако првично одбиваше да му даде кабинет, сега Николовски добил кабинет, но без прозорци.

Извор: Либертас