Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

ЛЕФКОВ : 3 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ПОВЕЌЕ ВО БУЏЕТОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, СЕ ПОДОБРУВААТ УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА И УЧЕЊЕ И СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ

Прес-конференција на Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

Предлог буџетот за 2025 година на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во делот на образованието и младите е развоен, и насочен кон подобрување на условите за учење, студирање и живот на младите.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди денари повеќе во Буџетот за образование.

За 115 милиони денари во однос на 2024 година се зголемени капиталните инвестиции во образованието. Овие средства ќе бидат насочени кон изградба и обнова на училишта, модернизација на образовната инфраструктура и обезбедување подобри услови за нашите ученици.

Образовните работници ќе добијат покачување на платите 7% со мартовската плата. А платите ќе растат во континуитет во наредните години.

Во ставката студентски стандард Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува повеќе од 30 милиони евра, за 18% повеќе од лани. За ученички стандард, 12% повеќе од минатата година.

Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови, 6 милиони евра. Во овој момент, студентските домови се реконструираат и ќе бидат ставени во функција.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го има образованието високо на агендата и тоа ќе продолжи во годините што следат.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ