Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
СДС вчера со партиски Конгрес потврди дека партијата ја води Зоран Заев, преку неговиот неврохирург Венко Филипче и 40-те потрчковци.
Венко Филипче е во сенка на Заев. Филипче беше министер за здравство, во чие време се случи катастрофата во Тетово, каде луѓе живи изгореа во модуларната болница, а тој не понесе одговорност. По тој настан секој човек со грам одговорност засекогаш ќе се повлечеше од функцијата, но не и Филипче.
Истиот тој Филипче, неврохирургот на Заев, кој очигледно е опериран од срам и доблест, вчера за заменик претседател ја назначи Фани Каранфилова Пановска, поранешен претседател на Сорос Македонија.
Фани Каранфилова Пановска за која неврохирургот на Заев, Филипче кажа дека ги има во себе социјалдемократските вредности во Сорос имала месечни примања од 3.400 евра. Толку треба да знаеме за социјадемократијата на Каранфилова Пановска.
Според јавно достапните информации од Фондацијата Сорос Македонија за 2014-та година земала бруто во износ од 2.030,118 денари.
Тоа за кое што народот работи 5 години, Каранфилова Пановска го заработува за 1 година.
Каранфилова Пановска е дел од луѓето кои се бореа Зоран Заев да дојде на власт уште во 2017 година, преку таканаречената Шарена револуција од 2014 и 2015 година.
Каранфилова Пановска не е никакво ново лице на СДС, таа е дел од 40-те потрчковци на неврохиругот на Заев, Филипче.
Со Венко Филипче и Фани Каранфилова Пановска СДС е само продолжение на партијата која ја водеше Заев, која донесе многу порази за Македонија, криминал и стагнација.