ЛЕФКОВ : ПО ПОЖАРОТ НА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО, ФИЛИПЧЕ НЕ ТРЕБАШЕ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ДА СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ, А НЕ ДА БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОПОЗИЦИЈА

0
87

Прес-конференција на Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Почитувани,

По пожарот на модуларната болница во Тетово, Филипче не требаше никогаш повеќе да се појави во јавност, а не да биде претседател на опозиција.

Венко Филипче не се грижи за никого, само за својата кариера. Доколку Филипче имаше малку морална големина, тој никогаш повеќе немаше да се врати во политиката.

Филипче и Заев изглумеа по пожарот во модуларната болница во која изгореа 14 луѓе, глумат и сега. Филипче нема образ, кога немаше срам да остане министер по пожарот во модуларната болница, тој нема срам и одговорност за ништо.

Венко Филипче е пример за политичар на кого зборот не му држи ниту еден час.

Се што прави Филипче е за кариерен спас и да не одговара.

Позицијата претседател на СДС ја презема за да може да се вади ма политички притисок, кога ќе биде повикан на одговорност за сите криминали.

Народот памти, а институциите ќе почнат да работат. Одговорност мора да има.