ЛЕФКОВ : ПЕНДАРОВСКИ Е ПОЛИТИЧАР БЕЗ СТАВ, ПРВО ТВРДЕШЕ МЕНУВАЊЕТО НА УСТАВОТ Е МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, ЗА ПОТОА ДА СЕ СОГЛАСИ И ДА Е СОСЕМА ВО РЕД СО ТОА

0
121

Пресконференција на Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Почитувани,

Стево Пендаровски тврдеше дека ставот на Бугарија за промена на Уставот е мешање во внатрешните работи на Македонија.

Пендаровски не застана тука, туку тврдеше дека ставот на Бугарија – „сменете го Уставот, па дојдете да разговараме“ е преседан од невидени размери.

За на крај Пендаровски да каже дека го кажува гласно неговиот став и дека не мисли дека уставните измени се нешто страшно.

Да го погледнеме видеото.

Кој е ставот на Пендаровски тој од 2022 и почетокот на 2023 година или тој по потпишувањето на бугарскиот диктат?

Како може граѓаните да му веруваат на Пендаровски кога тој не само што ги менува своите ставови, туку тоа го прави и дијаметрално спротивно, од „промена на устав е вон памет“, до „промената на уставот е сосема во ред“.

Стево Пендаровски е политичар без став, негов став е секогаш тоа што ќе му кажат СДС и ДУИ, затоа менува ставови, и дури кога некој ќе помисли дека нешто паметно кажал, тој веднаш добива воспитна од партискиот штаб и се потстројува зад Ковачевски и Ахмети.

Со право народот вели дека немаме држава, со Пендаровски како претседател секој ден ја губиме, време е да ја вратиме.