ЛЕФКОВ : НЕСПОСОБНОСТА И ХАОСОТ НА ВЛАСТА СО ИЗДАВААЊЕ НА ПАСОШИ ГРАЃАНИТЕ ГИ ЗАТВОРИ ВО ДРЖАВАТА КАКО ВО КОНЗЕРВА

0
159

„Оваа Влада со нивно седумгодишно владеење само го дуплираа јавниот долг, а шајка не заковаа, нема ниту еден видлив проект кој што тие го започнале, го испланирале и го проектирале. Се базираат само на лажни соопштенија и измислени километражи на патишта и ја оставаат државата во навистина незавидна положба од било кој аспект, било тоа да е од правдата, од аспект на здравство или пак образование“, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

„Во седум години ги имаат рекордно највисоките буџети и велеа дека капиталните инвестиции ќе бидат поголеми од задолжувањето. И со тоа златно правило се правдаа. И секогаш тоа златно правило им пропаѓаше кога доаѓаше ред за ребалансот. Самите ревизорски извештаи покажуваат дека нема реализација на капитални инвестиции“, појасни тој.

Лефков потсети дека трошењата за ископ на јаглен, за набавка на енергенси во енергетската криза власта го заведуваше како капитална инвестиција.

Лефков во текот на емисијата се осврна и на проблемот со пасошите при што посочи дека власта создаде хаос.

„Од ветувањата на власта дека ќе бидеме дел од Европа, почнаа да ни ги намалуваат очекувањата со „Отворен Балкан“ и стигнавме до тоа да буквално бидеме затворени како во кафез или како во конзерва. Не само што не затворија нас внатре во државата туку ги затворија и нашите иселеници кои што работат во странство“, нагласи Лефков.

„Тоа е катастрофално однесување, целосна неодговорност на власта. И евидентно е дека хаосот е буквално во секој сектор, хаосот кој што го остави оваа власт. Во моментов е евидентен хаосот со пасошите, возачките, личните карти. Вакви проблеми има буквално во секој сектор. Зошто? Заради нивната неспособност, неодговорност, ароганција, а можеби позади тоа се кријат и финансиски лукративни цели“, заклучи тој.

Лефков додаде дека и Народниот правобранител излезе со податок дека ваквата замена на документи ќе ги чини граѓаните годишно околу 30-тина милиони евра. И тоа воопшто не е за потценување.