Thursday, December 12, 2024
5.8 C
Skopje

ЛЕФКОВ : ЗА СЕДУМ ГОДИНИ ВЛАСТ НА СДС НЕМАЛО НИТУ ЕДНО КРИВИЧНО ДЕЛО КОЕ ШТО СЕ ОДНЕСУВАЛО НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

На вечерашното гостување на Канал 5, во емисијата „Само Вистина” присуствуваше пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков и се зборуваше за актуелната тема во моментов која е загадениот воздух при што нагласи дека загадувањето е сложен проблем кој во голема мера е предизвикан од начинот на затоплување како на домаќинствата така и на јавните институции.

Во насока на решавање на овој голем проблем кој бара сеопфатно системско решение, Лефков посочи дека министерството за здравство веќе најави дека во десет болници ќе се промени начинот на загревање кој што моментално е на мазут.

„Загадувањето е еден сложен проблем кој што доаѓа и од начинот на греење на јавните институции и енергетските коишто се користат во управувањето со ѓубрето. Многу важно за ова е да се реализираат оние проекти кои што се однесуваат на промена на начинот на загревање на јавните институции, нешто што видовме дека го најави министерот за здравство, дека во десет болници ќе се промени начинот на греење на мазут затоа што тоа загадува дополнително”, рече Лефков.

Тој потенцираше дека е важно да продолжат проектите на Европската Унија за изградба на регионални депонии како и секаде во светот кои што функционираат со селекција на отпад со инсенeратор.

„Важно е да продолжат проектите на Европската Унија за изградба на регионални депонии затоа што од Италија до Шведска и насекаде на тој начин функционираат со селекција на отпад со инсенератор. А, важно е да напоменеме дека повикот за изградбата на регионалната депонија во источниот регион веќе е отворен, постои и го има на ЕУ тендер објавен е и трае до втори февруари. Има рок на изградба во неколку фази и вкупен рок на изградба во рок од 900 дена, односно три години и тоа е единствен начин постепено во државата, преку замена на горивата коишто се користат“, посочи Лефков.

Лефков истакна дека во изминатите седум години при анализа на извештаите на јавното обвинителство по структура на криминалитет на кривични дела немало ниту едно кривично дело кое што се однесувало на животната средина.

 „Јас тоа го наоѓам како забелешка кога ќе ги погледнете извештаите на јавното обвинителство по структура на криминалитет на кривични дела кои што се гонат во изминативе седум години од кривичните дела кои што се однесуваат на животната средина имаше нула кривични дела за кои што се постапува, неколку години во кои воопшто не се водеше грижа“ рече Лефков.

ОВАА НЕДЕЛА

АРТАН ГРУБИ : СЕ ПОВЛЕКУВАМ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ, ЧИСТ СУМ КАКО СОЛЗА

Лична одлука во служба на општото добро вели Артан...

СТРАТЕШКИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ЛАЈЧАК

Остварив средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ...

АХМЕТИ НЕ ГО ДАВА ГРУБИ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не ја оспорува...

ТОШКОВСКИ : ЧЕТИРИ СТОЛБОВИ ЗА РЕФОРМА И КРЕИРАЊЕ НА СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ВО МВР

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи...

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ПЕТРУШЕВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО КАМБОЏА

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ