Thursday, May 15, 2025
17.1 C
Skopje

ЛЕФКОВ : ДУИ ВО ВЛАДА И ДУИ ВО ОПОЗИЦИЈА СО РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ ЗА БАЛАНСЕРОТ, ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО БАДЕНТЕРОТ КОЈ Е УСТАВНА КАТЕГОРИЈА

Новинарско прашање: Како ги коментирате критиките од опозициските партии на албанците за укинувањето на балансерот, дека било тежок удар врз меѓуетничката стабилност и дали ВМРО-ДПМНЕ го усогласи законското решение со ВРЕДИ за правична застапеност? 

Интегрален текст од одговорот на новинарско прашање: 

Се надминува потребата од примена на алатката наречена ‘балансер’, која во пракса предизвикува бројни злоупотреби, а од друга страна останува примената на начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците. Со објективни критериуми и постапки на отворен натпревар за избор на најдобриот кандидат, спроведени од професионалци во администрацијата кои поседуваат висок степен на стручност и интегритет, ќе се направи брана од политичкото влијание“, ова го пишува на страница 47 од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030, донесена во време кога ДУИ беше владејачка партија.

ДУИ не изусти ниту збор, а на пак реакција за балансерот кога лани официјално беше промовирана новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 – 2030) усвоена од владата со која тие управуваа и раководеа.

Коментар за балансерот дадоа и од ЕК, кои кажаа дека паралелните процедури за вработување поставени за да се зголеми вработеноста на малцинставата во јавниот сектор може да ги поткопа, во нивната примена, принципите на заслуги, ефективност и правична застапеност и да влијаат на независноста на институциите при изборот на вработените според потребите, следејќи ги потребите за правична застапеност.

И ние јасно констатираме и се согласуваме со ЕК дека балансерот е злоупотребен. Што се однесува до Бадинтерот, тој е уставна категорија. Рамноправната застапеност, треба да се реши со законски механизам, но факт е дека балансерот е злоупотребен. Нашиот став за балансерот го знаете од поодамна. Да тој е злоупотребен и тој е дел од скрининг процесот на ЕУ. И затоа кога испраќаме пораки не може да се однесуваме дека нешто што ни одговара во ред е, а тоа што не ни е да се однесуваме како мали деца, не може така.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КОШТА: НЕМА ПЛАН ,,Б”, ИСПОЛНЕТЕ ГО ОНА ШТО Е ДОГОВОРЕНО

Европската унија очекува Северна Македонија да го исполни договореното за да...

ЗЕЛЕНСКИ ЈА ПРИФАТИ ИГРАТА НА ПУТИН, ЗА ДА ЈА РАЗОТКРИЕ НЕГОВАТА НАМЕРА ДА ПРОДОЛЖИ ВОЈНАТА?

Дали отсуството на рускиот претседател Владимир Путин на преговорите...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ